ClearX Logo

КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ Квалитетен клима уред

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Ова се општите услови за колективното купување на висококвалитетни и енергетски ефикасни клима уреди, што е кампања на Организација на потрошувачите на Македонија. Овие општи услови важат за потрошувачите кои своето учество во колективното купување на висококвалитетни и енергетски ефикасни клима уреди (во натамошниот текст: колективно купување) го потврдуваат со онлајн аплицирање. Ви предлагаме внимателно и во целост да ги прочитате општите услови. Пријавите за учество во колективното купување треба да бидат разгледани и одговорени, а воедно да бидат во согласност со целите што ги следи колективното купување и проектот CLEAR-X како целина.

ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА

Целта на кампањата за колективно купување е да им овозможи на потрошувачите да купат висококвалитетен и енергетски ефикасен клима уред по прифатлива цена, така што во колективната понуда за купување ќе ги вклучиме само оние уреди кои добиле оцена „добро“ или „ многу добро“ во меѓународниот независен компаративен тест на организациите на потрошувачи. Цената на уредот вклучува основна монтажа/инсталација. Самоинсталација не е можна. Ќе се обезбеди помош и поддршка при одлучувањето за моделот на клима уредот, со цел да се олесни одлуката на потрошувачот за купување, под услов сите информации да бидат дадени во онлајн апликацијата за учество во колективното купување.

УЧЕСТВО/ПРИЈАВA ЗА КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ

Учеството е можно за сите потрошувачи кои сакаат да купат клима уред како дел од колективно купување. Сите потрошувачи можат да се приклучат кон колективното купување со пријавување. Според Законот за заштита на потрошувачите, само физичкото лице кое се снабдува со стоки или користи услуги за целите што не спаѓаат во рамките на неговата трговска, деловна, занаетчиска или професионална дејност се смета за потрошувач. Правните лица нема да можат да го купат уредот по цена што ќе се постигне при колективно купување.

Пријавата за учество во колективното купување се поднесува на веб страницата www.kolektivnokupuvanje.mk Пријавувањето за колективно купување е бесплатно и необврзувачко. Со пријавувањето, потрошувачот се пријавува за учество во колективно купување (во натамошниот текст: регистриран корисник). Ова потврдува дека сте информирани за напредокот и понудата на колективното купување, кое вклучува (веројатно) различни модели на високо квалитетни клима уреди.

Пријавата за учество во колективното купување е услов за добивање на понудата и за добивање право на купување од добавувачот според условите постигнати во рамките на колективното купување, кои ќе бидат презентирани во понудата. Потребно е внимателно да ги прочитате овие Општи услови, како и известувањето за обработка на личните податоци и нивна заштита, кое се составен дел на овие Општи услови.

Со пријавувањето, ги прифаќате одредбите од овие Општи услови за учество и потврдувате дека сте запознаени со известувањето за обработка на личните податоци и нивна заштита при колективното купување на висококвалитетни клима уреди.

Пријавувањето и учеството во колективното купување не го обврзува регистрираниот корисник да набави клима уред. Важно е да обезбедите точни лични податоци и што е можно поцелосни информации. Податоците ќе бидат основа за избор или препорака за набавка на високо квалитетен клима уреди. Пред регистрираниот корисник да одлучи да купи клима уред, препорачуваме да провери дали избраниот производ е соодветен за неговите потреби.

ИЗБОР И КУПУВАЊЕ НА КЛИМА УРЕД

Како дел од кампањата за колективно купување, Организацијата на потрошувачите на Македонија ги покани да учествуваат заинтересираните добавувачи на оние клима уреди кои добиле оценка „добро“ или „многу добро“ на меѓународен независен компаративен тест на организациите на потрошувачи.

Како дел од колективното купување ќе избереме добавувач (или неколку добавувачи) кои ќе понудат поволна цена и услови за набавка на клима уреди за потрошувачот. Во е-пошта со понуда за колективно купување (веројатно различни модели на клима уреди, цена, услови за продажба), регистрираниот корисник ќе ги добие сите информации и единствена шифра која ќе му овозможи да го оствари правото за купување на уредот според условите за колективно купување од избраниот добавувач во случај на онлајн купување.

Регистрираниот корисник кој сака да прифати понуда за купување клима уред ќе го потврди тоа во согласност со упатствата што ќе ги добие по е-пошта заедно со понудата за колективно купување, а потоа ќе го направи купувањето директно од давателот.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Во рамките на колективното купување ќе биде обезбедена ограничена количина на клима уреди кои регистрираните корисници ќе можат да ги купат според условите на колективното купување од давателот. Купувањето ќе биде можно од моментот кога регистрираните корисници ќе ја добијат понудата за колективно купување - се очекува во втората половина на април 2023 година.

ПОСТАПКА, ТЕК и ВРЕМЕ

  1. Од 20 февруари 2023 година: почеток на кампањата за колективно купување и со тоа собирање онлајн апликации од потрошувачите за учество во колективното купување.
  2. Во втората половина на април 2023 година: сите регистрирани потрошувачи добиваат е-пошта со необврзувачка понуда за колективно купување и инструкции за купување.
  3. До 31 јули 2023 година: потрошувачите регистрирани за колективно купување купуваат од избраниот добавувач. Со овој датум колективното купување завршува и купувањето според условите на колективното купување повеќе не е можно.
  • Организаторот на кампањата за колективно купување го задржува правото предвреме да ја прекине можноста за купување на поединечен уред или колективно купување во целина, врз основа на веќе продадените количини на уреди, кои се договорени со давателот како минимална загарантирана количина. Организаторот на кампањата за колективно купување го задржува правото, во соработка со избраниот добавувач, да обезбеди дополнителни количини уреди под истите услови за колективно купување за потрошувачот и/или да ја продолжи кампањата.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Договорот за купување на клима уред во контекст на колективно купување се склучува помеѓу потрошувачот и продавачот кој учествува во кампањата за колективно купување. Организацијата на потрошувачите на Македонија не е страна на договорот, затоа не сноси никаква одговорност што произлегува од договорот склучен помеѓу купувачот и продавачот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ОПМ го задржува правото да ја одбие регистрацијата на потрошувач - регистриран корисник или да спречи континуирано учество во случај кога ќе се утврди дека услугата не се користи одговорно или во согласност со целите што ги следи колективното купување, или дадените информациите се неточни или погрешни. Избегнувајте дејствија што може да му наштетат на угледот на Организацијата на потрошувачите на Македонија или на трети страни.

Целата содржина што е испечатена или преземена од веб страницата за колективно купување www.kolektivnokupuvanje.mk е наменета само за лична употреба. Забрането е користење на веб-страницата (и нејзината содржина) на начин што може да му наштети на име и угледот на Организацијата на потрошувачите на Македонија. Исто така, забрането е користење на веб-страницата (и нејзината содржина) во корист на трети страни.

Организацијата на потрошувачите на Македонија не е одговорна за ситуација во која потрошувач, на пример не ја искористува понудата за колективно купување поради технички проблеми или виша сила.

ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ НА КАМПАЊАТА ЗА КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ

Кампањата за колективно купување на клима уреди ја организира Организацијата на потрошувачите на Македонија, 50та Дизвизија 10А, 1000 Скопје, адреса на е-пошта: оpm@opm.org.mk.

За помош при регистрација или дополнителни информации за колективното купување, јавете се на(02) 3170888 (секој работен ден од 08 до 20 часот) или пишете ни на е-пошта: kolektivnokupuvanje@opm.org.mk.