ClearX Logo

КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ Квалитетен клима уред

1. Што означува колективното купување на ОПМ?

При колективното купување, заинтересираните поединечни потрошувачи кои имаат ист интерес се здружуваат и создаваат силна преговарачка позиција во однос на добавувачите, па затоа ги охрабруваме да ја дадат најдобрата понуда за здружените потрошувачи. Колку повеќе потрошувачи се здружуваат, толку е поголема нашата моќ. Учеството во колективното купување е достапно за сите потрошувачи, а воедно тоа е бесплатно и необврзувачко.

2. Како функционира колективното купување на клима уреди?

Како дел од колективната набавка на клима уреди, ОПМ на потрошувачите ќе им понуди можност да набават висококвалитетни и енергетски ефикасни клима уреди кои добиле доволно висока оцена („добро“ или „многу добро“) на меѓународен компаративен тест. За избраните модели на клима уреди, ќе добиеме понуди од различни добавувачи, ќе договориме услови за продажба и ќе избереме најповолен добавувач (или неколку добавувачи) за потрошувачите организирани за колективно купување. Сите потрошувачи кои ќе поднесат пријава (ќе се регистрираат) за учество во колективното купување на клима уреди (на веб-страницата www.kolektivnokupuvanje.mk) ќе добијат необврзувачка понуда на избрани модели на клима уреди под однапред договорени посебни услови за купување.
По добивањето на понудата, сите потрошувачи регистрирани за колективно купување клима уреди можат слободно да одлучат дали ќе купат или не. Организација на потрошувачите на Македонија е организатор на кампањата за колективно купување и не дејствува како продавач или посредник за продажба. Потрошувачите купуваат директно од избраниот добавувач, кој ќе понуди поволна набавка на квалитетни клима уреди како дел од колективното купување под договорени услови со ОПМ.

3. Во кој период ќе се одвива колективното купување на клима уреди?

  1. Од 20 февруари 2023 година: почеток на кампањата за колективно купување и со тоа собирање онлајн пријави од потрошувачите за учество во колективно купување.
  2. Во втората половина на април 2023 година: сите регистрирани потрошувачи добиваат е-пошта со необврзувачка понуда за колективно купување и инструкции за купување.
  3. До 31 јули 2023 година: потрошувачите регистрирани за колективно купување купуваат од избраниот понудувач. Со овој датум колективното купување завршува и купувањето според условите на колективното купување повеќе не е можно.
  • Организаторот на кампањата за колективно купување го задржува правото предвреме да ја прекине можноста за купување на поединечен уред или колективно купување во целина, врз основа на веќе продадените количини на уреди, кои се договорени со добавувачите како минимална загарантирана количина. Организаторот на кампањата, исто така, го задржува правото, во соработка со избраниот добавувач, да обезбеди дополнителни количини уреди под истите услови за колективно купување за потрошувачот и/или да ја продолжи кампањата.

4. Дали има ограничени залихи од понудата за колективно купување?

Да. Како дел од колективното купување, ќе обезбедиме ограничена количина на клима уреди, веројатно од различни модели и моќности, кои регистрираните потрошувачи ќе можат да ги купат според условите на колективното купување од избраниот добавувач. Купувањето ќе биде можно од моментот кога регистрираните корисници ќе ја добијат понудата за колективно купување. Купувањето на избраниот модел на клима уред од расположливата количина ќе биде потврдено кога избраниот добавувач ќе добие уплата за направената нарачка. Достапните количини ќе ги обезбедиме за оние потрошувачи кои целосно ќе го завршат процесот на купување (направат авансно плаќање за уредот).

  • Организаторот на колективното купување го задржува правото предвреме да ја прекине можноста за купување поединечен модел на уредот или колективното купување во целина, во зависност од расположливите залихи. Организаторот за колективно купување исто така го задржува правото да обезбеди дополнителни количини на уреди во соработка со избраниот добавувач под истите услови за колективно купување за потрошувачот.

5. Кој го организира колективното купување на клима уреди?

Организатор на кампањата за колективно купување е Организација на потрошувачите на Македонија – ул. 50та Дизвизија, 10А, 1000 Скопје. Адреса за е-пошта: opm@opm.org.mk

6. Зошто ОПМ организира кампања за колективно купување на клима уреди?

Спроведувањето на колективното купување е дел од проектот CLEAR-X, во кој како партнер учествува и Организација на потрошувачите на Македонија. Покрај Европската организација на потрошувачи (BEUC), Меѓународната организација за истражување на потрошувачите и компаративно тестирање (ICRT) и Организација на потрошувачите на Македонија, во конзорциумот на проектот учествуваат пет европски организации на потрошувачи од Словачка, Бугарија, Кипар, Литванија и Словенија. Индивидуалните активности се насочени кон промена на однесувањето на потрошувачите и формирање групи на потрошувачи за колективно купување технологии базирани на ОИЕ. Повеќе за проектот на https://www.clear-x.eu/

7. Зошто да учествувам?

Како дел од колективното купување на клима уреди, ОПМ на потрошувачите ќе им понуди висококвалитетни и високоефикасни клима уреди кои добиле доволно висока оцена („добро“ или „многу добро“) на меѓународен независен компаративен тест. Со нив ќе можете да го разладите просторот во лето, а да го загреете во преодните периоди, особено во зима. Во ваше име, ќе преговараме со добавувачот за најдобри можни услови за купување и најдобра можна услуга, вклучително и квалитетна инсталација/монтажа, која е неопходна за ефикасно функционирање на клима уредот. Успехот на кампањата зависи од вашиот интерес и соодветниот одговор од добавувачите - колку повеќе од вас, толку подобри ќе бидат нашите преговарачки позиции. Успешноста на колективното купување на клима уреди ќе биде основа за одлучување за слични акции и во други области.

8. Кој може да учествува во колективното купување на клима уреди?

Учеството е отворено за сите потрошувачи (физички лица) кои сакаат да инсталираат клима уред на територијата на Република Северна Македонија. Сите потрошувачи, можат да се приклучат кон колективното купување со пријавување. Пријавувањето за колективно купување е бесплатно и необврзувачко.

9. Каде и како да аплицирам за колективно купување и кои информации ми се потребни за оваа намена?

Пријавата за учество во колективно купување може да се поднесе на веб-страницата www.kolektivnokupuvanje.mk Регистрацијата е бесплатна и необврзувачка. Важно е апликацијата (во процесот на регистрација) да содржи точни податоци.

10. Зошто не добив е-пошта за потврда за успешната регистрација за учество во колективното купување?

Нашата е-пошта можеби е пристигната во фолдерот spam или junk на вашиот меил , затоа прво проверете ја содржината на оваа папка во вашата е-пошта (корисници на Gmail, исто така папката „Social“ или „Promotions“). Друга можност е дека можеби по грешка сте внеле погрешна адреса на е-пошта за време на процесот на најавување/регистрација. Доколку не ви е пристигнатапотврдата, пишете ни на е-пошта: kolektivnokupuvanje@opm.org.mk

11. Дали апликацијата навистина e бесплатна и необврзувачка?

Тоа е точно. Пријавувањето за учество во колективното купување е услов за добивање на понудата за колективно купување, а воедно е бесплатно и необврзувачко. Со пријавувањето не сте обврзани да купувате. Можете слободно да се одлучите за тоа по добивањето на понудата или едноставно да не го направите купувањето.

12. Дали сум должен да купам клима уред ако поднесам апликација за учество во колективно купување?

НЕ.

13. Дали ОПМ ќе заработи пари ако купам клима уред како дел од колективно купување?

Не. Проектот CLEAR-X (во чии рамки, меѓу другото, се врши и оваа колективна набавка) е финансиран од програмата за истражување и развој на Европската унија Хоризонт 2020 со договор за финансирање бр. 101033682.

14. Дали се заштитени моите лични податоци?

Да, сите ваши лични податоци се заштитени. Контролор на лични податоци е Организација на потрошувачите на Македонија. Нашиот технички и проектен партнер на проектот CLEAR-X е организацијата на потрошувачи Deco Proteste, со седиште во Португалија, која, како наш договорен процесор на лични податоци, е посветена на истите европски стандарди за заштита на личните податоци како и Организација на потрошувачите на Македонија. Со договорните одредби, се придржуваме кон законодавството во областа на личните податоци, со што сме сигурни дека нашиот технички партнер ги постигнува истите високи стандарди за заштита на личните податоци. Нема да ги пренесеме вашите лични податоци на добавувачи за колективно купување.

15. Зошто адресата на е-пошта и телефонскиот број се задолжителни информации за учество во колективно купување?

Колективното купување на клима уреди е онлајн кампања, така што целата комуникација се одвива по електронска пошта. Потребна ни е вашата електронска адреса (е-меил) за да ве информираме за напредокот на колективното купување, да ве информираме за понудата за колективно купување и да ве информираме за можноста/начинот на купување на избраната клима уред за колективно купување. Известувањето може да се одвива и во форма на СМС пораки или во исклучителни случаи, со повикување на вашиот број.

16. До кога можам да се регистрирам за учество во колективно купување?

Можноста за регистрација на веб-страницата www.kolektivnokupuvanje.mk започнува од 20 февруари 2023 година а завршува на 10 април 2023.

17. Кога можам да очекувам понуда?

Потрошувачите регистрирани за колективно купување ќе ги добијат понудите во втората половина на месец април 2023 година.

18. Сопственик сум на имот кој се наоѓа надвор од територија на Република Северна Македонија. Може ли да купам клима уред за овој имот како дел од колективно купување?

НЕ. Колективното купување овозможува купување на уреди со инсталација/монтажа исклучиво на територијата на Република Северна Македонија

19. Може ли да направам дополнителни трошоци кога купувам уред како дел од колективно купување?

Како дел од колективното купување, ќе имате право да купите клима уред од избраниот добавувач, кој веќе вклучува основна инсталација/монтажа, по цена и услови кои ќе можеме да ги договориме за вас од избраниот добавувач. Основната монтажа ќе биде претставено во понудата што ќе ја добиете како дел од колективното купување, така што ќе бидете целосно свесни за нејзиниот опсег пред вистинското купување. Доколку е потребна дополнителна работа или материјал за време на инсталацијата на уредот (монтажа), инсталатерот ќе ве извести претходно и ќе ви достави проценка на трошоците.

20. Со кого можам да контактирам ако имам дополнителни прашања за колективното купување на клима уреди?

Можете да ни пишете на e-mail адресата: kolektivnokupuvanje@opm.org.mk или да контактирате со вработените во центарот за повици, кои се достапни од понеделник до петок од 08 до 20 часот и во сабота од 09 до 14 часот, на телефонскиот број +(02) 3170888