ClearX Logo

КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ Квалитетен клима уред

Визија

Визијата на Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ е општество во кое граѓаните на Република Македонија целосно ги остваруваат своите потрошувачки права и практикуваат одговорна потрошувачка. Ние сме посветени на идејата дека сите ние како потрошувачи имаме право на подобар квалитет на живот, но и одговорност да не го загрозиме тоа право на идните генерации преку нашиот избор и користење на производи и услуги.

Мисија

ОПМ постои заради заштита на потрошувачите во остварувањето на нивните основни права, како што се: - Достапност на најнужните производи и услуги; - Безбедни и квалитетни производи и услуги; - Вистинити и навремени информации и едукација на потрошувачите, заради правилен избор на производи и услуги; - Надомест на штета кога правата на потрошувачите се повредени;

- Здрава животна средина и одржлива потрошувачка.

Целта на ОПМ ја остваруваме преку обезбедување на совети, информации и едукација на потрошувачите во однос на нивните индивидуални и колективни потрошувачки права, и преку претставување на нивните интереси во процеси на креирање политики и законска регулатива.

Историјат

ОПМ е формирана како здружение на граѓани во 1996 година во Скопје, Република Македонија.

ОПМ е активен член на Меѓународната организација на потрошувачите – Consumers International, Европската организација на потрошувачите – BEUC и Европскиот глас за стандардизација – ANEC.

Комисии и работни групи

Комисиите на ОПМ се формирани врз основа на практичната работа, ефективни комуникации со експерти во поодделни подрачја, потребите на граѓаните, органите и телата на државната управа и локалната самоуправа во доменот на заштитата на потрошувачите.

Нивното постоење и развој е со цел преку соодветни програмски насоки во областите во кои се формирани, да бидат промотор за унапредување и разбирање на правата и одговорностите на потрошувачите.

Програмските определби на комисиите ја сочинуваат суштината на стручната компонента на овој оперативен план во доменот на работните и развојните активности на ОПМ. Во рамките на ОПМ функционираат следниве комисии: - Правна - Домување - Исхрана - Права на пациенти - Енергетика

и работни групи за: - Едукација на децата како потрошувачи во предучилишното воспитание - Едукација на учениците како потрошувачи во основното образовани